Creative Europe Media MK

 

 

Од 2 до 6 декември 2017 година, Меѓународниот фестивал на анимиран филм „Аниматека“ во Љубљана, беше домаќин на динамичната работилница наменета за продуценти на анимирани филмови од Централна и Источна Европа. На работилницата учествуваа 26 професионалци од 19 земји, со цел да се изгради посилна и пообемна регионална мрежа на ко-продуценти, уметници, ТВ уредници, селс агенти и финансиски партнери.

Работилницата вклучуваше состаноци, дискусии и висококвалитетни обуки, со цел за да им овозможи и да ги инспирира компаниите од ЦИЕ да работат заедно со повеќе ресурси. Раководител на студиите за настанот беше Линда Бит.

Работилницата резултираше со Љубанската спогодба, заеднички формулирана и одобрена порака до сите финансиери и радиодифузери, барајќи повеќе подржувачки прописи и индустриски практики.

Оваа работилница беше иницијатива развиена и организирана од Канцелариите на Креативна Европа - МЕДИА од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Грузија, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Словачка, Словенија и Украина, во соработка со Мотовила Институт, Вишеград Анимацискиот Форум, платформа за поврзување на продуценти на анимирани филмови од регионот на ЦИЕ.

Главната цел на работилницата беше јакнење на анимациските компании и сектор, но и развојот на публиката за анимиран филм.

Повеќе информации можете да најдете на: http://ceeanimation.eu/

Отворен е повикот на Креативна Eвропа МЕДИА за аплицирање 3 do 5 проекти за развој - Slate Funding. Крајниот рок за пријавување е 06.02.2018.

Отворени се повиците на Креативна Eвропа МЕДИА за проекти од областа на Филмската едукација и Дистрибуција - Селективна шема.

За Филмска едукација апликантот мора да биде составен од еден лидер на проектот и најмалку два партнери. Крајниот рок за пријавување е 01.03.2018. Повеќе детали на следните линкови:

 За Селективна Дистрибуција, роковите за пријавување се 05.12.2017 и 14.06.2018. Повеќе детали на следните линкови:

Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со Агенцијата за филм на РМ и Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија (Сектор за култура), организира конференција на тема: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“, која ќе се одржи на 13 ноември 2017 година со почеток во 10:00 часот во просториите на ЕУ Инфоцентарот во Скопје.  На конференцијата ќе учествуваат високи преставници на Владата на Република Македонија, на Извршната агенција при Европската комисија и  на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Програмата „Креативна Европа“, како инструмент на Европската Унија наменет за реформи во културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, со својата комплексност опфаќа повеќе аспекти на европската културна соработка која се спроведува во рамките на актуелните политики на Европската Унија, како што се надворешната политика, регионалната соработка, политиката за проширување, културната дипломатија и сл.

Во оваа насока, во рамките на конференцијата детално ќе бидат разгледани горенаведените теми со цел до македонските културни оператори да се приближи комплексниот контекст на програмата и нејзината улога во евроинтеграциските процеси.

На конференцијата ќе биде опфатен и практичен дел кој се однесува на досегашните резултати од спроведувањето на програмата на европско ниво, како и тековните повици за аплицирање за потпрограмите „Култура“ и „МЕДИА“. Во рамките на овој дел за првпат ќе учествува г. Карел Бартак, раководител на Секторот за култура при Извршната агенција во Брисел, кој директно ќе ги пренесе ставовите и критериумите на Извршната агенција до македонските оператори.

Ве молиме вашето присуство да го потврдите на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Следни повици

 

 

Повик 

Рок

Поддршка за развој на проект 2019 (Support for Development of Audiovisual Content – Single Project)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

24/04/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на филмски фестивали 2019 (Support to Festivals)


20/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

07/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на телевизиска програма 2019  (Support to television Programming)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

28/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Поддршка за продажни агенти 2018 (Support to Sales Agents)

 


15/01/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка за филмска едукација 2019 (Support for Film Education)


07/03/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Дистрибуција: Селективна поддршка  (The Distribution Selective scheme: Support for the distribution of non-national films )

 

08/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

04/06/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

Поддршка за продажни агенти (Support to Sales Agents)

15/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Пристап до маркети (Access Markets) 

 

 07/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка за развој на збирни проекти (Support for Development Slate Funding)

 

 

20/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

Поддршка за развој на видео игри (Development Video Games)

 

27/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка на копродукциски фондови (Co-Production Funds)

 

06/03/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

 

Промоција на аудиовизуелна проекти онлајн (Promotion of European Audiovisual Works Online)

 

 

05/04/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)