Се доделува за поединечни (Single Project Development) или за збирни проекти, каде што се аплицира со 3 до 5 проекти (Support for Development Slate Funding). Во оваа категорија на поддршка спаѓаат и проекти наменети за телевизиско прикажување, видео игри и копродукциски фондови.
Поддршка за развој на поединечен проект (Single Project Development)
Наменета е за европски независни аудиовизуелни компании, кои постојат најмалку 12 месеци во однос на датумот на пријава на проектот.
Поддршка за развој на збирни проекти (Support for Development Slate Funding)
Со ваква поддршка секој проект има можност да добие средства во износ помеѓу 10.000 и 60.000 евра, со тоа што поддршката не може да надмине повеќе од 50% од вкупно прифатливите трошоци.
Поддршка за развој на видео игри (Development Video Games)
Кај поддршката за развој на видео игри, продукцијата на пријавениот проект не смее да започне најмалку 8 месеци од датумот на неговото аплицирање.
Поддршка на телевизиско прикажување (TV Programming)
Со оваа програма се поддржуваат независни европски продуцентски компании, чиј бизнис план вклучува и соработка со најмалку три телевизиски куќи од повеќе земји членки на потпрограмата МЕДИА.
Поддршка на копродукциски фондови (Co-Production Funds)
Целта на поддршката на копродукциските фондови е производство на аудиовизуелни дела наменети за киноприкажуавње, со минимално времетраење од 60 минути.