Creative Europe Media MK

20 јули 2018, Филмска Aкадемија во Охрид

Конференцијата на тема: „Важностa на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на успешни МЕДИА проекти од регионот“.

На настанот учествуваа претставници на Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора.

На 11.12.2017, во Подгорица се одржа МЕДИА Инфо Ден, организиран од страна на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Црна Гора, во соработка со Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Македонија. Фокус на настанот беше повикот за Развој на проекти, каде што како прв проект од Црна Гора кој доби поддршка за развој, беше претставен филмот „По зимата“ на режисерот Иван Бакрач, во продукција на Артикуација. Во рамките на настанот се одржа и предавање на тема „Филмот и телевизијата како креативни индустрии - значењето на филмскиот и телевизиски туризам“. На настанот присуствуваа претставници на црногорскиот аудиовизуелен сектор, како и студенти и професори на Факултетот за драмски уметности од Цетиње и Факултетот за визуелни уметности од Подгорица.

Учесници:

  • Илија Суботиќ, Раководител на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Црна Гора
  • Владимир Стојчевски, Раководител на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Македонија
  • Сехад Чекиќ, Директор на Филмскиот Центар на Црна Гора
  • Иван Ѓуровиќ, Директор на Продуцнектска куќа „Артикулација“
  • Милош Џукелиќ, Директор на Продуцентската куќа „Ред Продакшн“

Гости:

  • м-р Роберт Алаѓозовски, министер за култура;
  • Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје;
  • Карел Бартак, раководител на Секторот за култура, Извршна агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија;
  • Аделина Марку, Министерство за надворешни работи;
  • д-р Виолета Симјановска, професор по културен менаџмент, Академија Сибелиус, Универзитет за уметности, Хелсинки, Финска;
  • Весела Кондакова, Министерство за култура, Канцеларија за Креативна Европа – Култура, Бугарија;
  • Димитрије Тадиќ, Министерство за култура и информирање, Канцеларија за Креативна Европа – Култура, Србија;

На 6 Ноември 2017, во ЕУ Инфо Центарот, се одржа МЕДИА Инфо Сесија, со фокус на повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски Фестивали“.

Гостин на настанот беше Ева Бразџионите, Раководител на Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА од Литванија.

На 23 и 24 Август 2017, во рамките на на Фестивалот за Креативен Документарен филм „Македокс“ и фестивалот „Струшки Вечери на Поезијата“ се одржаа Јавни дискусии и презентации за Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Учесници: Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка;Владимир Стојчевски од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Македонија; Билјана Прентоска од Канцеларија на Креативна Европа (Култура) на Република Македонија; Весела Кондакова од Канцеларија на Креативна Европа (Култура) на Република Бугарија; Претставници на организациите вклучени во платформата „Версополис“ поддржана од програмата „Креативна Европа – Култура“; Претставници на фестивалот „Македокс“.

Линк за повеќе информации во врска со настанот.

На 6 април 2017, во рамките на Филозофскиот Филмски Фестивал, во Кинотеката на Македонија, се одржа презентација за потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, со фокус на повиците за Поединечен развој на проекти и Филмски Фестивали. Презентацијата беше проследена со индивидуални консултации за проектите кои што ќе аплицираат во априлскиот рок.

Гостинка на настанот беше Г-ѓата Мартина Петровиќ, Раководител на Канцеларијата за Кретивна Европа МЕДИА од Хрватска.

МЕДИА Презентација, Презентација на тренинг програмата Мидпоинт и Работилница за сценарио на Арне Колвајер во соработка со Мидпоинт.

Фестивал на Европски Филм „Синедејс“ - 14.11.2016

Инфо ден и Работилници за Креативна Европа 13-14.10.2016 во соработка Сабина Бришки и Матеја Лазар од Канцеларијата на Креативна Европа Словенија и Џефри Браун од Консултантската куќа Еуклид од Велика Британија.