Апликациите се упатуваат директно до Извршна агенција за образование, аудиовизуелни услуги и култура при Европската комисија (EACEA) во Брисел, преку онлајн систем. За да аплицирате за грант најпрво ќе треба да ја регистрирате вашата компанија или организација преку Учесничкиот портал на EACEA и да добиете Учесник код за идентификација (Participant Identification Code - PIC). Пријавувањето се прави еднаш и потенцијалните кандидати може да се пријавуваат користејќи ги следните чекори:
- Пријавете се за ECAS account. По пријавувањето ќе добиете е-маил за верификација, кликнете на линкот кој што ќе го добиете и креирајте сопствен пасворд.
- Ќе бидете насочени кон Учесничкиот портал каде што ќе треба да ги внесете деталите за Вашата компанија или организација.
- Внесете ги податоците за Вашата компанија или организација на Учесничкиот портал и прикачете ги следните документи:
- Формулар за Правното Лице (Legal Entity Form)
- Извод од Централен регистар и Тековна состојба (за приватни компании) VAT Certificate and extract from the official gazette/trade register (private companies only)
- Правно решение или одлука за основање (само за јавни институции)
Доколку сумата што ја побарувате надминуваат €60,000, треба да доставите и:
- Формулар за финансиски капацитет (Financial Capacity Form)
- Завршнин сметки (за последните две години за трговски друштва или за последната година за непрофитни компании)
Доколку сумата што ја побарувате надминува €750,000, треба да доставите и:
- Ревизорски извештај, одобрен од страна на овластен сметководител, кој ја потврдува финансиската состојба за последната финансиска година