Пред да започнете со пополнувањето на апликацијата, Ви препорачуваме да ги прочитате следните документи: Забелешки за повикот (Call notice), Водич за аплицирање (Guidelines) и Често Поставувани Прашања (FAQ - Frequently Asked Questions). Овие документи се достапни во pdf формат на линковите за секој од повиците за аплицирање поединечно.
Откако ќе се регистрирате (ќе добиете PIC број) и ќе се логирате, може да ја превземете Електронската апликација e-Form за повикот на кој што сакате да го пријавите вашиот проект и да започнете со процестот на аплицирање. Некои од повиците покрај Електронската пријава, бараат и испраќање на апикацијата во печатена форма. За да ја креирате електорнската пријава, ќе треба да ги поминете следните чекори:
- Селектирајте го повикот на кој што сакате да се пријавите.
- Селектирајте го јазикот на кој што ќе ја пополнувате пријавата.
- Селектирајте ја организацијата или организациите кои ќе учествуваат во активностите кои ги предлагате.
- Креирајте ја Електронската епликација (eForm).
- Зачувајте ја апликацијата во Вашиот компјутер. Апликацијата е во pdf формат
- Пополнете ја Електронската апликација (eForm) и зачувајте ја при секоја дополна и промена.
Комплетирање на апликацијата
- Не заборавајте кон Електронската апликација да ги прикачите задолжителните Анекси (се прикачуваат на крајот од самиот pdf документ). Анекс документите може да се превземат на линкот за секој поединечен повик. Анексите се разликуваат од повик до повик. Целата апликација вклучувајќи ги и Анексите не смее да надминува 10MB.
- Откако ќе ја комплетирате, т.е. пополните Електронската апликација и откако ќе ги прикачите Анекс документите, проверете дали се поплнети сите задолжителни полиња со стискање на копчето Validate form кое се наоѓа на секоја страна во долниот десн агол. Со тоа се прави автоматска проверка дали Вашата апликација е комплетна. Кога ќе добиете потврда дека апликацијата е комплетна, истата може да ја пријавите стискајќи на копчето Submit this form на крајот од Електронската апликација.
- Откако ќе ја поднесете Електронската пријава, ќе добиете потврда на маил и референтен број Submission umber, кој се генерира на самата пријава.
- Во случај да имате проблеми со испраќањето на апликацијата контактирајте го локалниот МЕДИА Деск или Help Desk-от на МЕДИА
Техничка помош
Доколку имате технички проблеми при испраќањето на апликацијата консултурајте го упатството за Електронската апликација (eform User Guide), кој што се наоѓа на линкот за секој повик поединечно во делот “How to apply.” Доколку не го решите проблемот и сеуште имате технички прашање во врска со поднесувањето на апликцијата може да се обратите до Дескот за помош на EACEA.
HelpDesk e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
HelpDesk phone: +32 2 299 0705
Евалуација на апликациите
Во склоп на Извршна агенција за образование, аудиовизуелни услуги и култура при Европската комисија (EACEA) се ангажирани лица со високо ниво на експертиза во однос на програмите и повиците управувани од страна на Агенцијата. Овие експерти им пристапуваат на апликациите согласно областа во која што се стручни. Експертите оценуваат апликации кои не доаѓаат од нивните земји, со цел да се осигура дека нема да постои конфликт на интереси при процесот на евалуација. Сите апликации се разгледуваат од двајца независни експерти. Експертскиот Водич за евалуација е достапен на линкот за секој повик поединечно.
Оние кои што сакаат да се вклучат во работата на Извршната агенција како експерти, може да најдат подетални информации на следниот линк.