Creative Europe Media MK

 

 

Креативна Европа МЕДИА Деск МК

Финансиска поддршка за развој, дистрибуција и промоција на европскиот филм и аудиовизуелните индустрии 

 

МЕДИА деск Македонија на 23.09.2018 во хотел Епинал-Битола ќе го организира настанот “The 1-st Close up gathering in honour of international cinematographers" во рамките на 39-от ИФФК „Браќа Манаки“.

Идејата за овој настан е да го означи почетокот на серијата средби таканаречени „Close ups", иницирани од МЕДИА Деск МК, кои ќе се оддржуваат во текот на годината со цел одблизу да се спојуваат различни професионалци од аудиовизуелниот сектор, разменувајќи искуства и решенија за конкретни проблеми. Секој "Close up“ ќе биде посветен на различна тема и ќе опфаќа конкретни домашни и странски професионалци од поединечните области во секторот кој го поддржува МЕДИА. Се разбира, основата на овие средби се темели на поддршката на програмата Креативна Европа МЕДИА и секогаш МЕДИА Деск-от во Македонија ќе ги стимулира македонските апликанти да дојдат до финансиски средства за да си ги остваруваат своите идеи и да си ги реализираат проектите што ги замислиле. 
На овогодишното фестивалско издание ќе се прикажат 7 филма кои се поддржани од програмата Креативна Европа-МЕДИА, од кои 3 се во официјалната селекција. Меѓу седумте филма е и документарецот „Пофалба на ништото“ на српскиот режисер Борис Митиќ, кој со поддршка на МЕДИА Дескот МК доаѓа на фестивалот за да оддржи работилница со студентите на 25-ти септември во 13 часот (мала сала). Филмот „Пофалба на ништото“ доби 50, 000 евра финансиска поддршка од МЕДИА во повикот за ТВ програми, кој е отворен за независни европски продуцентски компании чиј бизнис план вклучува соработка со најмалку три телевизиски куќи од повеќе земји членки на потпрограмата МЕДИА.

 

Дистрибутерската куќа „Катавеј“, трета година по ред доби поддршка од Креативна Европа МЕДИА на повикот за Онлајн дистрибуција, во висина од 180.000 евра. Нивниот проект Cinesquare VOD Platform е еден од 30-те селектирани, од вкупно 85 пријавени проекти, кои годинава добија поддршка од подпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“.

На 24 Август, со почеток во 12 часот, во Електронската сала на Општина Велес, ќе се одржи информативна сесија за Креативна Европа, потпрограми Култура и МЕДИА.

Реалноста режира, ние правиме филмови

Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“, во соработка со Канцеларијата „Креативна Европа“ - МЕДИА во Македонија, ја организира работилницата „Режирање реалност“ со наградуваната финска режисерка Пирјо Хонкасало. Со неа учесниците ќе можат не само да зборуваат, туку и да го видат умешното користење на документарниот јазик во нејзините филмови „Три соби на меланхолија“, „ИТО“ и „Бетонска ноќ“. Низ дискусии по проекциите, учесниците ќе дознаат како да се одберат темата и протагонистите и до каде досега етичката одговорност на режисерот кон нив, што е реалност и како да се пренесе.

Работилницата ќе се одржи на 17, 18 и 19-ти август, од 10 до 13.30 часот, во Музејот на современа умтеност-Скопје. Работилницата е бесплатна и е отворени за филмаџии во ограничен број. Пријавување за учество е до 15 август на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (испратете име и презиме, професија и возраст и напишете како ова искуство би ви користело понатаму во животот).

Биографиja

Пирјо Хонкасало е призната и многупати наградувана режисерка и сценаристка на документарни филмови и е првата финска филмаџика која снимила игран филм. Нејзини се наградуваните филмови „Трилогија на светото и ѓаволското (Мистерион, Тањушка и Седумте ѓаволи и Атман)“ и неверојатно прекрасниот „Три соби на меланхолија“. Таа е членка на Американската филмска академија со над 30 ретроспективи низ целиот свет.

Страница 1 од 11

Следни повици

03/10/2018 - 12:00 (CET, Brussels time)

EACEA/01/2017

Distribution - Support to Sales Agents 2017

06/11/2018 - 12:00 (CET, Brussels time)

EACEA/01/2018

Distribution - Support to Sales Agents 2018

08/11/2018 - 12:00 (CET, Brussels time)

EACEA/05/2018

Distribution Automatic Support 2018