Creative Europe Media MK

 

 

На 04.05.2016 (среда), во ЕУ Инфо Центарот, со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи Инфо ден за Креативна Европа - потпрограма МЕДИА. Гостин на настанот ќе биде Г-динот Камен Балкански, раководител на Канцеларијата на Креативна Европа Бугарија за потпрограмата МЕДИА, со кого што во вториот дел е предвидена сесија за Прашања и одговори.

АГЕНДА:
10.30 - 11.00 Пријавување
11.00 - 11.15 Обраќање на Г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска, Директор на Агенцијата за филм
11.15 - 11.30 Презентација на Креативна Европа, Потпрограма Култура, Г-ѓа Билјана Прентоска
11.30 - 12.00 Презентација на Креативна Европа, Потпрограма МЕДИА,Владимир Стојчевски
12.00 - 12.30 Презентација на искуствата на Канцеларијата на Креативна Европа од Бугарија, за Потпрограма МЕДИА, Г-дин Камен Балкански
12.30 - 13.00 Пауза
13.00 - 14.30 Сесија за Прашања и одговори со Г-дин Камен Балкански од Канцеларијата на Креативна Европа од Бугарија, за Потпрограма МЕДИА

Повеќе информации за Потпрограмата МЕДИА се достапни на веб страната: http://www.ced.mk/mediamk/mk/

Во рамки на Скопскиот филмски фестивал на 26.04.2016 во кино „Фросина“ се одржа првиот Инфо ден на македонскиот МЕДИА Деск. 

- Улогата на МЕДИА Дескот е да пружа техничка поддршка, да ги информира потенцијалните апликанти, да им биде на располагање за да подготват квалитетни апликацаии и да пружи одговори на сите прашања, изјави Владимир Стојчевски, раководител на македонскиот МЕДИА Деск.

Тој информира дека од јули минатата година Македонија стана членка на МЕДИА, а пред тоа нашата држава имаше пристап само до фондовите за култура.

- Програмата „Креативна Европа“ за периодот 2014-2020 година има две потпрограми, „Култура“ и „МЕДИА“. Македонија првпат лани пристапи и кон програмите „МЕДИА“, што значи дека тие се достапни пред се за луѓето кои се занимаваат со филм и луѓето во аудиовизуелниот сектор. Не само оние кои се занимаваат со продукција, туку и оние кои се занимваат со дистрибуција, организирање на обуки, тренинзи..., рече Стојчевски и додаде оти добар дел од нашите филмски работници веќе се информирани. 

На минатите повици, како што рече, имаше две апликации, за развој на проект и за фестивали. За развој е одобрен еден проект, „Шеќерното дете“ на Игор Иванов, а фестивалите „Браќа Манаки“ и „МакеДокс“ добија поддршка од МЕДИА. 

- За сите три проекти, вкупната финансиска поддршка изнесува 123.000 евра, рече Стојчевски и додаде дека очекува и други проекти да бидат поддржани.

Според него, потребни се добри идеи, проекти и добро да се прочитаат техничките услови кои повиците ги имаат за да се види дали апликантот ги задоволува условите. Стојчевски најави дека годинава ќе има повеќе промотивни активности кои се планирани во рамки на фестивалите.

По пристапување на Република Македонија во потпрограмата МЕДИА во јули 2016, на повикот за поддршка на фестивали во декемврискиот рок аплицираа Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Особено задоволство ни е да објавиме дека од повеќе пристигнати пријави, беше препознаено значењето на овие два фестивала и тие се најдоа помеѓу трисесетте кои ја добија поддршката на МЕДИА.

По официјалното пристапување на Република Македонија во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа на 24 јули 2015 година, на повикот за развој на проекти учествуваа два македонски филма, а исто така беа испратени и две апликации за поддршка на фестивали.

Од двете испратени апликации за развој на проекти, финансиски беше поддржан долгометражен филм наменет за деца „Шеќерното дете“ во режија на Игор Иванов кој е еден од 56-те селектирани проекти од 356 пријавени во ноемврискиот рок во 2015 година.

„Шеќерното дете“ е филм поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година, а е во продукција на Скопје Филм Студио, Томи Салковски како продуцент. Додека сценариото за филмот е напишано по мотиви од новелата „Шеќерната приказна“ од Славко Јаневски.

„Шеќерното дете“ покрај поддршката од страна на Агенцијата и поддршка за развој од потпрограмата МЕДИА, вооедно има поддршка за развој и од регионалниот фонд SEE Cinema Network.

Првата поддршка на проект од Република Македонија се случува во истиот период кога и официјално започнува да работи Канцеларијата на МЕДИА при Агенцијата за филм на РМ која ќе ги информира и ќе им дава поддршка на македонските филмски работници и други заинтересирани страни при изготвувањето на нивните апликации за конкурстите објавени од страна на оваа потпрограма.

Страница 11 од 11

Следни повици

 

 

Повик 

Рок

Поддршка за развој на проект 2019 (Support for Development of Audiovisual Content – Single Project)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

24/04/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на филмски фестивали 2019 (Support to Festivals)


20/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

07/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на телевизиска програма 2019  (Support to television Programming)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

28/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Поддршка за продажни агенти 2018 (Support to Sales Agents)

 


15/01/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка за филмска едукација 2019 (Support for Film Education)


07/03/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Дистрибуција: Селективна поддршка  (The Distribution Selective scheme: Support for the distribution of non-national films )

 

08/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

04/06/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

Поддршка за продажни агенти (Support to Sales Agents)

15/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Пристап до маркети (Access Markets) 

 

 07/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка за развој на збирни проекти (Support for Development Slate Funding)

 

 

20/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

Поддршка за развој на видео игри (Development Video Games)

 

27/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка на копродукциски фондови (Co-Production Funds)

 

06/03/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

 

Промоција на аудиовизуелна проекти онлајн (Promotion of European Audiovisual Works Online)

 

 

05/04/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)