Creative Europe Media MK

 

 

На 6 Ноември 2017, во ЕУ Инфо Центарот, со почеток во 10.00 часот ќе се одржи МЕДИА Инфо Сесија, со фокус на повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски Фестивали“.

МЕДИА Инфо Ден - Фокус на повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски Фестивали“ - ЕУ Инфо Центар, 06.11.2017, 10.00ч.

  • 10:00 Регистрација и кафе за добредојде
  • 10:30 Презентација за Креативна Европа - МЕДИА со фокус на: „Развој на поединечни проекти“ и „Филмски Фестивали“, Владимир Стојчевски, Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА, Македонија
  • 11:15 Презентација на литванските искуства со Креативна Европа - МЕДИА, Ева Бразџионите, Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА, Литванија
  • 12:00 Кафе пауза
  • 12:30   Работна сесија: Совети за пополнување на апликацијата за „Развој на поединечни проекти“, Ева Бразџионите, Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА на Литванија
  • 13:00 Прашања и одговори

Воедно Ве потсетуваме дека се објавени новите повици на МЕДИА за:

Ги информираме сите кои се заинтересирани за некој од објавените повици, дека Канцеларијата за Кретивна Eвропа МЕДИА им стои на располагање за консултации во врска со процесот на аплицирање и изработката на апликациите. Закажување на кoнсултации на маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

На 2 Октомври 2017, во рамките на Балканскиот Филмски Маркет, кој од 2 до 7 Октомври се одржува во Тирана, Албанија, се одржа Регионален МЕДИА настан, посветен на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа. На настанот учествуваа претставници на Канцелариите на МЕДИА од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Италија (Бари).

Настанот баше поделен на повеќе панел дискусии:

  • „Предизвици на Канцелариите на МЕДИА од регионот“
  • „Успешни МЕДИА приказни од Балканот“
  • „Неуспешни МЕДИА приказни од Балканот“
  • „Поддршка за ко-продукциски фондови на МЕДИА“ и
  • „Балканските национални филмски центри и МЕДИА“

Сите заинтересирани апликанти ги информираме дека се објавени новите повици на МЕДИА за Развој на проекти, Фестивали и ТВ Програмирање. Основните информации може да се најдат на следните линкови:

 

РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИ

Status Deadline Call reference
Open
23.11.2017 & 19.04.2018 - 12:00 (CET, Brussels time)

EACEA/22/2017

 

ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛИ

Status Deadline Call reference
Open
23.11.2017 & 26.04.2018 - 12:00 (CET, Brussels time)

EACEA/17/2017

 

ТВ ПРОГРАМИРАЊЕ

Status Deadline Call reference
Open
16/11/2017 & 24/05/2018 - 12:00 (CET, Brussels time)

EACEA 21/2017

- - -

За повеќе информации во врска со процесот на аплицирање, може да закажете консултации на следниот маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

 

 

 

Јавни дискусии и презентации за Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ во рамки на фестивалите „Македокс“ и „Струшки вечери на поезијата“

Канцеларите на Креативна Европа - Култура и МЕДИА при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа - МЕДИА на Република Чешка, ќе учествуваат со презентации и дискусии во рамки на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ и Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (во склоп на Европската поетска платформа „Версополис“). Двата фестивали се поддржани од Програмата Креативна Европа.

Презентациите и дискусиите ќе бидат посветени на актуелните теми и прашања поврзани со спроведувањето на двете потпрограми Култура и МЕДИА, како и за меѓусекторските достигнувања на Програмата „Креативна Европа“.

Во рамките на „Македокс“, ќе бидат презентирани примери на добра пракса од МЕДИА поддржани документарни филмови, тренинзи и фестивали за документарен филм.

Во рамките на Струшките Вечери на Поезијата, ќе се дискутира за препораките за Програмата по 2020 година, среднорочната евалуација на категоријата „Платформи“, ќе бидат претставени информации за категоријата „Проекти за соработка“ и „Европската година на културно наследство 2018“, ќе се презентираат модели за барање на партнери и др.

Во продолжение следуваат учесниците и термините на дискусиите во програмите на овие два фестивали.

 

МАКЕДОКС 2017 година: „Креативна Европа  (МЕДИА и Култура)“

23 август 2017: Фестивал за креативен докуменарен филм „МАКЕДОКС“ 2017 година:

Место: Црква Св. Спас (Сала на музејска поставка на Гоце Делчев) - Скопје; Време: 11:00 часот

Учесници: Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка; Владимир Стојчевски и Билјана Прентоска Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА и Култура) на Република Македонија; претставници на фестивалот „Македокс“

 

Струшки вечери на поезијата 2017 година: „Креативна Европа по 2020“

24 август 2017: „Струшки вечери на поезијата“

Место: Хотел „Дрим“ ( Пијано бар) - Струга; Време: 16:30 часот

Учесници: Билјана Прентоска од Канцеларија на Креативна Европа (Култура) на Република Македонија; Весела Кондакова од Канцеларија на Креативна Европа (Култура) на Република Бугарија; Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка; Владимир Стојчевски од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Македонија и претставници на организациите вклучени во платформата „Версополис“ поддржана од програмата „Креативна Европа – Култура“.

Следни повици

 

 

Повик 

Рок

Поддршка за развој на проект 2019 (Support for Development of Audiovisual Content – Single Project)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

24/04/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на филмски фестивали 2019 (Support to Festivals)


20/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

07/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на телевизиска програма 2019  (Support to television Programming)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

28/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Поддршка за продажни агенти 2018 (Support to Sales Agents)

 


15/01/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка за филмска едукација 2019 (Support for Film Education)


07/03/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Дистрибуција: Селективна поддршка  (The Distribution Selective scheme: Support for the distribution of non-national films )

 

08/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

04/06/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

Поддршка за продажни агенти (Support to Sales Agents)

15/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Пристап до маркети (Access Markets) 

 

 07/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка за развој на збирни проекти (Support for Development Slate Funding)

 

 

20/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

Поддршка за развој на видео игри (Development Video Games)

 

27/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка на копродукциски фондови (Co-Production Funds)

 

06/03/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

 

Промоција на аудиовизуелна проекти онлајн (Promotion of European Audiovisual Works Online)

 

 

05/04/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)