Creative Europe Media MK

 

 

 

Министерството за култура и Агенцијата за филм на Република Македонија, во рамките на спроведувањето на програмата Креативна Европа (Култура и МЕДИА), организираа дводневен настан, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Словенија и организацијата за европски програми Еуклид од Велика Британија.

Настанот се одржa на 13 октомври 2016 во Порта Македонија и на 14 октомври 2016 во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.

Во текот на двата дена беше претставена програмата Креативна Европа (Култура и МЕДИА), се презентираа словенечките и британските искуства, а се одржаа и посебни работилници за Култура и МЕДИА, на кои заинтересираните оператори од културниот и аудиовизуелниот сектор, имаа можност да добијат конкретни информации и насоки во однос на проектите кои ги подготвуваат за претстојните повици за аплицирање.

Настанот со свои обраќања го отворија Министерката за култура на Македонија, Елизабета Канческа Милевска и Директорката на Агенцијата за филм на Македонија, Мими Ѓоргоска Илиевска.

Министерката за култура Канческа истакна дека македонскиот издавачки сектор беше еден од најуспешните во користењето на фондовите од ЕУ-програмата „Култура 2007-2013“, а истиот тренд продолжува и со потпрограмата „Култура“ на „Креативна Европа“. Тоа ја лоцира Македонија помеѓу шесте водечки земји, заедно со Бугарија, Словенија, Унгарија, Србија и Италија. Исто така додаде и дека бројот на поддржани проекти преку новата програма „Креативна Европа“ бележи одлични резултати. Нашите национални установи, невладини организации и издавачки куќи изминатите две години учествуваа во 26 проекти, кои од потпрограмата „Култура’’ на „Креативна Европа’’ се поддржани со повеќе од еден милион евра. Станува збор за осум проекти за културна соработка, 14 проекти за литературни преводи, учество во еден проект за европски платформи, а три македонски организации се активно вклучени и во категоријата на професионални европски мрежи. Интересот за учество во оваа програма е навистина забележителен од нашите национални установи, како Струшки вечери на поезијата, Музеј и завод Битола, но и од невладините организации од културниот сектор, како Скопски џез-фестивал, Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ од Скопје, Музичката младина на Македонија и други македонски оператори - истакна Канческа-Милевска.

Таа е задоволна и од поддршката на проекти во потпрограмата „Медиа“ на „Креативна Европа“. Иако Република Македонија кон оваа потпрограма пристапи во јули минатата година, а канцеларија во рамките на Агенцијата за филм функционира само половина година, т.е. од април 2016, досега се поддржани три проекти во категориите: Развој на проекти (Скопје филм студио со „Шеќерното дете“) и Фестивали („Македокс“ и ИФФК „Браќа Манаки“) со вкупен грант од 123 000 евра.

Директорката на Агенцијата за филм на РМ, Мими Ѓорѓоска-Илиевска, го истакна своето задоволство поради тоа што Агенцијата е партнер на Министерството за култура во имплементација на потпрограмата „МЕДИА“ и информираше за преземените, како и за претстојните активности. При тоа ги истакна организираните инфо денови, презентации и мастер-класи за „МЕДИА“ во рамките на Скопскиот филмски фестивал, ИФФК „Браќа Манаки“ и  „Македокс“, учествата во „МЕДИА“ активностите на Канскиот и на Сараевскиот филмски фестивал, учеството во онлајн кампања која ја прославува 25 годишнината од постоењето на „МЕДИА“, во рамките на која што 04 до 10 Јули 2016, Македонија беше земја во фокусот, а ги најави активности кои што следуваат, како Мастер класот во соработка со Мидпоинт, кој ќе се одржи во рамките на фестивалот „Синедејс“ и учествата на годишното собрание на Кретивна Европа во Брисел и на регионалната „МЕДИА“ конференција во рамките на Загребскиот филмски фестивал. Покрај тоа канцеларијата на „МЕДИА“ постојано одржува консултативни сесии со македонски филмски работници и продуценти и е во комуникација со останатите канцеларии на потпрограмата „МЕДИА“.

Во оваа пригода Ѓорѓоска-Илиевска информираше за резултатите во филмскиот сектор од 2008 до 2015 година, период во кој Агенцијата за филм на РМ поддржала 225 филмски проекти и истакна дека во 2016-та се очекува да бидат завршени 24 нови филма, од кои пет долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел, четири со малцински македонски удел (т.е. меѓународни копродукции), четири документарни и единаесет кратки играни филмови. Таа истакна и дека пристапувањето кон потпрограмата „МЕДИА“, покрај континуираната поддршка на Агенцијата за филм, отвора нови можности за македонските филмски работници при реализацијата на нивните проекти и додаде дека канцеларијата за „МЕДИА“, која веќе половина година работи во составот на Агенцијата под раководство на Владимир Стојчевски, им стои на располагање за сите информации и техничка поддршка во врска со престојните повици за аплицирање.

Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во рамките на спроведувањето на програмата Креативна Европа (Култура и МЕДИА), организираат дводневен настан, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Словенија и организацијата за европски програми Еуклид од Велика Британија. Настанот ќе се одржи на 13 октомври 2016 во Порта Македонија и на 14 октомври 2016 во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје, со почеток во 10.00 часот.

Во текот на двата дена ќе биде претставена програмата Креативна Европа (Култура и МЕДИА), ќе бидат презентирани словенечките и британските искуства, а ќе се одржат и посебни работилници за Култура и МЕДИА, на кои заинтересираните оператори од културниот и аудиовизуелниот сектор, ќе може да добијат конкретни информации и насоки во однос на проектите кои ги подготвуваат за претстојните повици за аплицирање.

Во прилог следи програмата за дводневниот настан.

Вашето присуство потврдете го на следните маил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

13 октомври, 2016 година - Место: Порта Македонија, Скопје

 

09.30 Пријавување на учесниците

10.00 Воведни обраќања за „Креативна Европа (Култура и МЕДИА)“

  • д-р Елизабета Канческа – МилевскаМинистер за култура(TBC)
  • Мими Ѓоргоска Илиевска, Директор на Агенцијата за филм на РМ

10.20 Кафе пауза

10.30 Презентација на „Креативна Европа (Култура и МЕДИА)“

  • Билјана Прентоска, Одделение за Креативна Европа – Култура, Министерство  за култура
  • Владимир Стојчески, Одделение за Креативна Европа – МЕДИА, АФРМ

11.15 Презентација на словеченкото искуство во „Креативна Европа (Култура иМЕДИА)“ преку примери  на добра пракса

  • Матеја Лазар, Канцеларија за Креативна Европа–Култура, МОТОВИЛА, Љубљана
  • Сабина Бришки, Канцеларија за Креативна Европа – МЕДИА, МОТОВИЛА, Љубљана

12.15 Ручек пауза

13.00 Презентација на британското искуство во Креативна Европа (Култура и МЕДИА)

  • Џефри Браун, Директор на ЕУКЛИД, Манчестер, Велика Британија

14.00 Развој на публика – приоритет на Креативна Европа (Култура и МЕДИА)

  • Џефри Браун, Директор на ЕУКЛИД, Манчестер, Велика Британија

15.00 Прашања и одговори

 

14 октомври 2016 година - Место: Центар за дизајн и иновации – Јавна соба, Скопје

 

10.30 Вовед во работилниците

  • Билјана Прентоска,Одделение за Креативна Европа – Култура, Македонија
  • Владимир Стојчески, Одделение за Креативна Европа – МЕДИА, АФРМ

 

Работилница за Потпрограма Култура:

11.00 „39 чекори за успешна апликација“

  • Џефри Браун, Директор на ЕУКЛИД, Манчестер, Велика Британија

12.00  Работа со учесниците во групи

  • Џефри Браун, Директор на ЕУКЛИД, Манчестер, Велика Британија,
  • Матеја Лазар, Канцеларија за Креативна Европа – Култура,Словенија,
  • Билјана Прентоска,Одделение за Креативна Европа – Култура, Македонија

13.00 Ручек пауза

14.00 Работа во групи

  • Џефри Браун, Директор на ЕУКЛИД, Манчестер, Велика Британија,
  • Матеја Лазар, Канцеларија за Креативна Европа – Култура,Словенија,
  • Билјана Прентоска,Одделение за Креативна Европа – Култура, Македонија

15.00 Затворање на работилницата

 

Работилница за Потпрограма МЕДИА:

11.00 Насоки за пополнување на формуларите за апликација

  • Сабина Бришки, Канцеларија за Креативна Европа – МЕДИА, МОТОВИЛА, Љубљана
  • Владимир Стојчески, Одделение за Креативна Европа – МЕДИА, АФРМ

12.00 Работа во групи со учесниците

  • Сабина Бришки, Канцеларија за Креативна Европа – МЕДИА, МОТОВИЛА, Љубљана
  • Владимир Стојчески, Одделение за Креативна Европа – МЕДИА, АФРМ

13.00 Ручек пауза

14.00 Работа во групи со учесниците

  • Сабина Бришки, Канцеларија за Креативна Европа – МЕДИА, МОТОВИЛА, Љубљана
  • Владимир Стојчески, Одделение за Креативна Европа – МЕДИА, АФРМ

15.00 Затворање на работилницата

Објавени се новите повици за Single Project Development, TV Programming и Film Festivals:

 

  • CREATIVE EUROPE MEDIA Sub-programme CALL ALERT - Single Project Development

EACEA/20/2016 Support for Content Development of Single Project 2017

Рокови за пријавување: 17/11/2016 - 12:00 (CET/CEST, Brussels time) & 20/04/2017 - 12:00 (CET/CEST, Brussels time)

 

  • CREATIVE EUROPE MEDIA Sub-programme CALL ALERT - TV Programming

EACEA/23/2016 TV Programming 2017

Рокови за пријавување: 24/11/2016 - 12:00 (CET/CEST, Brussels time) & 25/05/2017 - 12:00 (CET/CEST, Brussels time)

 

  • CREATIVE EUROPE MEDIA Sub-programme CALL ALERT - Film Festivals

EACEA 16/2016 Support for Film Festivals 

Рокови за пријавување: 24/11/2016 - 12:00 (CET/CEST, Brussels time) & 27/04/2017 - 12:00 (CET/CEST, Brussels time)

Во рамките на 37-мото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 10 до 17 Септември 2016, активно учество ќе има Канцеларијата на Креативна Европа за потпрограмата МЕДИА. Имено, на 13 Септември ќе се одржи Инфо сесија на која што ќе бидe претставена потпрограмата МЕДИА. Веднаш потоа ќе следува предавање на нашата гостинка Грациела Билдесхеим од МАЈА Воркшоп, на тема „Режирање на проект: Продуцентската работа“. Следниот ден на 14 Септември, во периодот од 10.00 до 13.00 часот, предвиден е Отворен штанд на МЕДИА, на кој што сите заинтересирани преку индивидуални консултации ќе може да добијат подетални информации за можностите кои што ги нуди потпрограмата МЕДИА. По пристапувањето на Република Македонија во потпрограмата МЕДИА во јули минатата година, со нејзина поддршка се здоби годинешното 37. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

 

МЕДИА АГЕНДА ВО РАМКИТЕ НА ИФФК „Браќа Манаки“
  • 13.09.2016 / 11.30-12.00; Мала сала, Центар за култура Битола: МЕДИА Инфо Сесија
  • 13.09.2016 / 12.00-13.00; Мала сала, Центар за култура Битола: Предавање на Грациела Билдесхеим од МАЈА Воркшоп во организација на МЕДИА Деск МК и Агенција за филм на РМ „Режирање на проект: Продуцентската работа“. Додека сите се согласуваме дека режисерот е кралот при снимањето на филмот, улогата на продуцентот во создавањето на услови за неговата реализација да биде можна, не секогаш е разбрана со сета нејзина комплексност. Предавањето има за цел да ја истражи повеќеслојната и фасцинантна реалност на работата на продуцентот во Европа денес.
  • 14.09.2016 / 10.00-13.00; Народен театар Битола: МЕДИА Отворен штанд

Следни повици

 

 

Повик 

Рок

Поддршка за развој на проект 2019 (Support for Development of Audiovisual Content – Single Project)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

24/04/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на филмски фестивали 2019 (Support to Festivals)


20/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

07/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на телевизиска програма 2019  (Support to television Programming)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

28/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Поддршка за продажни агенти 2018 (Support to Sales Agents)

 


15/01/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка за филмска едукација 2019 (Support for Film Education)


07/03/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Дистрибуција: Селективна поддршка  (The Distribution Selective scheme: Support for the distribution of non-national films )

 

08/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

04/06/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

Поддршка за продажни агенти (Support to Sales Agents)

15/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Пристап до маркети (Access Markets) 

 

 07/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка за развој на збирни проекти (Support for Development Slate Funding)

 

 

20/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

Поддршка за развој на видео игри (Development Video Games)

 

27/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка на копродукциски фондови (Co-Production Funds)

 

06/03/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

 

Промоција на аудиовизуелна проекти онлајн (Promotion of European Audiovisual Works Online)

 

 

05/04/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)