Пристап до маркети (Access Markets) (Access to Markets - Single Actions)
Потпрограмата МЕДИА го олеснува пристапот на најважните маркети и копродукциски форуми во Европа, со цел поттикнување на разноликоста и квалитетот, како и мобилност на филмските професионалци. На четирите најважни филмски и аудиовизуелни маркети, потпрограмата МЕДИА им овозможува на претставниците на филмската индустрија место во рамките на своите штандови.
Фестивали (Film Festivals)
Потпрограмата МЕДИА доделува фиксни суми (lump sums): од 27.000 до 75.000 евра за фестивали на долгометражен филм и од 19.000 до 33.000 евра за фестивали на краток филм. Временската рамка за прифатливи трошоци на пријавениот филмски фестивал е 6 месеци пред почетокот на фестивалот, т.е. 4 месеци по завршувањето на фестивалот.
Развој на публика (Audience Development)
Како дел од промовирањето на транснационалниот оптек на аудиовизуелните дела, еден од главните приоритети на потпрограмата МЕДИА е и поддршката за равој на публиката. Со оваа акција се поттикнува интересот за европските аудиовизуелни дела по пат на промотивни активности и иницијативи насочени кон развој на публиката, организирање на настани, филмска наобразба и фестивали.
Усовршување (Training)
Програмата се базира на двегодишна поддршка која мора да започне во периодот помеѓу 1 Септември 2016 и 31 Август 2017, а активностите за кои е добиена поддршката не може да траат повеќе од 12 месеци. Станува збор за активности кои во фокусот го имаат развојот на можностите на аудиовизуелните професионалци, со цел што подобро разбирање на европската и меѓународната филмска димензија и нејзина интеграција во сопствената работа, проследена со истовремено унапредување на стручните вештини и знаења од неколку области:
- Развој на публика, развој на филмски проект, маркетинг, дистрибуција и експлоатација
- Финансиски и комерцијален менаџмент со посебен акцент на пристапот до финансии
- Развој и продукција на филмски проекти
- Можности и предизвици на дигиталното време