Creative Europe Media MK

 

 

Форум „Крупен план на филмските фестивали во Македонија“

 

 

 

МЕДИА Деск МК на 12-ти и 13-ти ноември, во рамките на 17-от филмски фестивал „CINEDAYS“,  иницира и организира Форум кој за прв пат на едно место ќе собере 12 филмски фестивали од Македонија.  

На Форумот ќе учествуваат директорите на: ИФФК Браќа Манаки, Скопски филмски фестивал, Синедејс, Македокс, ЕХО фестивал на планински филм, Анимакс Скопје Фест, Интернационалните филмски фестивал ОДА-Тетово, Меѓународен фестивал на етнолошкиот документарен филм, Филмски фестивал за млади Џифони Македонија, Киненова, Истражувачки филмски фестивал и Бич филм фестивал.

Целта на оваа иницијатива е да се даде детален поглед во минатото и перспективите и да се отворат прашањата за тоа дали има ли начини да ја оствариме целосно визијата на еден фестивал? Дали треба публиката да ја бараме или таа да нѐ бара нас? Може ли секој сам? Можеби можеме и заедно? Како изгледа фестивал поддржан од Креативна Европа МЕДИА? Што сѐ може да значи меѓуфестивалска соработка?

На покана на МЕДИА Деск МК на Форумот ќе учестуваат и директорите на три европски фестивали поддржани од програмата Креативна Европа МЕДИА: Интеранационалниот филмски фестивал Копенхаген, Интернационалниот фестивал на краток и анимиран филм Мекал, Браселона и фестивалот на Нордиски филм Лубек од Германија.

Форумот е втор настан од серијата настани „Крупен план“ инициранри од МЕДИА Деск МК чија цел е одблизу да се спојуваат различни професионалци од аудиовизуелниот сектор, разменувајќи искуства и решенија за конкретни проблеми.

Единствено со анализа во крупен план ќе ги добиеме одговорите на прашањата, ќе ги видиме и најситните лузни и брчки и ќе пробаме да ги заздравиме.

Од некаде треба да се продолжи, кога веќе сме решиле да почнеме.

 

Следни повици

 

 

Повик 

Рок

Поддршка за развој на проект 2019 (Support for Development of Audiovisual Content – Single Project)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

24/04/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на филмски фестивали 2019 (Support to Festivals)


20/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

07/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на телевизиска програма 2019  (Support to television Programming)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

28/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Поддршка за продажни агенти 2018 (Support to Sales Agents)

 


15/01/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка за филмска едукација 2019 (Support for Film Education)


07/03/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Дистрибуција: Селективна поддршка  (The Distribution Selective scheme: Support for the distribution of non-national films )

 

08/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

04/06/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

Поддршка за продажни агенти (Support to Sales Agents)

15/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Пристап до маркети (Access Markets) 

 

 07/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка за развој на збирни проекти (Support for Development Slate Funding)

 

 

20/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

Поддршка за развој на видео игри (Development Video Games)

 

27/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка на копродукциски фондови (Co-Production Funds)

 

06/03/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

 

Промоција на аудиовизуелна проекти онлајн (Promotion of European Audiovisual Works Online)

 

 

05/04/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)