На 11.12.2017, во Подгорица се одржа МЕДИА Инфо Ден, организиран од страна на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Црна Гора, во соработка со Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Македонија. Фокус на настанот беше повикот за Развој на проекти, каде што како прв проект од Црна Гора кој доби поддршка за развој, беше претставен филмот „По зимата“ на режисерот Иван Бакрач, во продукција на Артикуација. Во рамките на настанот се одржа и предавање на тема „Филмот и телевизијата како креативни индустрии - значењето на филмскиот и телевизиски туризам“. На настанот присуствуваа претставници на црногорскиот аудиовизуелен сектор, како и студенти и професори на Факултетот за драмски уметности од Цетиње и Факултетот за визуелни уметности од Подгорица.
Учесници:
- Илија Суботиќ, Раководител на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Црна Гора
- Владимир Стојчевски, Раководител на Канцалеријата за Креативна Европа МЕДИА на Македонија
- Сехад Чекиќ, Директор на Филмскиот Центар на Црна Гора
- Иван Ѓуровиќ, Директор на Продуцнектска куќа „Артикулација“
- Милош Џукелиќ, Директор на Продуцентската куќа „Ред Продакшн“