Creative Europe Media MK

 

 

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ поддржан од МЕДИА

Новиот филм на Теона Стругар Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ ја доби поддршката од потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, на последниот повик за подршка на развој на филмски проекти, во висина од 30.000 евра. Во конкуренција од 294 пријави од цела Европа, на овој конкурс се поддржани 57 проекти, меѓу кои и најновиот филм на Теона Митевска, кој е во подготовка и ќе се реализира во продукција на Сестри и брат Митевски, во копродукција со партниери од Белгија и Словенија, а се очекува во реализацијата на проектот да се приклучи уште една западноевропска земја.

Во образложението за проектот, комисијата го оценува сценариото со највисоки оценки и покрај овој квалитет, го истакнува и креативниот тим, кој несомнено може да ја изнесе на површина креативната визија на режисерот.

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, е поддржан од Агенцијата за филм на РМ со средства во износ од 30.000.000 денари и беше презентиран на три маркети, од кои на Синелинк во Сараево ја освои највисоката награда за развој на проекти која ја дава европскиот фонд Еуримаж, во висина од 20.000 евра.

Инаку престижната програма МЕДИА стана достапна за Македонските филмски професионалци од Јули 2015, а од Април 2016 во склоп на Агенцијата за Филм на Р. Македонија, започна да функционира и канцеларијата на МЕДИА. Од приклучувањето на Македонија во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, со  поддршка се здобија поголем број на проекти, а целосната листа може да се види на следниот линк: www.ced.mk/mediamk/mk/poddrzhani-proekti 

Следни повици

 

 

Повик 

Рок

Поддршка за развој на проект 2019 (Support for Development of Audiovisual Content – Single Project)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

24/04/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на филмски фестивали 2019 (Support to Festivals)


20/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

07/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка на телевизиска програма 2019  (Support to television Programming)


18/12/2018 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)

28/05/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Поддршка за продажни агенти 2018 (Support to Sales Agents)

 


15/01/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


Поддршка за филмска едукација 2019 (Support for Film Education)


07/03/2019 - 12:00(CET/CEST, midday Brussels time)


 

Дистрибуција: Селективна поддршка  (The Distribution Selective scheme: Support for the distribution of non-national films )

 

08/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

04/06/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

Поддршка за продажни агенти (Support to Sales Agents)

15/01/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Пристап до маркети (Access Markets) 

 

 07/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка за развој на збирни проекти (Support for Development Slate Funding)

 

 

20/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

Поддршка за развој на видео игри (Development Video Games)

 

27/02/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

Поддршка на копродукциски фондови (Co-Production Funds)

 

06/03/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)

 

 

 

Промоција на аудиовизуелна проекти онлајн (Promotion of European Audiovisual Works Online)

 

 

05/04/2019 - 12:00 (CET, Brussels time)